ЛеБрон му честиташе на Новицки за големиот успех!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ЛеБрон Џејмс е еден од првите кошаркари кои му честиташе на Новицки за големиот успех.

Легендарниот Германец вчера стана 6-ти играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 поени.

„Морам да му честитам на Дирк на 30.000 поени. Го гледа натпреварот во моментот. Честитки.“

Играчот на Кливленд, во кариерата има постигнато 28.316 поени и се очекува да се најде во елитното друштво, во кое најдобар е Абдул-Џабар со 38.387 поени.