Турново испушти водство, Тиквеш со пресврт стигна до победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот од ВМФЛ помеѓу Хоризонт Турново и Тиквеш.

Натпреварот започна одлично за домаќините кои уште на почетокот на натпреварот имаа неколку шанси. Најпрво во 2-та минута, а потоа и во 3-та и 4-та минута, но не успеаа да ги погодат рамките на голот.

Во 6-та минута уште една шанса за Турново, но повторно непрецизен удар кон голот на Тиквеш.

Првиот гол беше постигнат во 10-та минута за водство на домаќините од 1:0.

Од овој момент, па натаму започна мала доминација на Тиквеш кој вршеше притисок, а успеа да стигне до израмнување во 26-та минута.

До крајот на првото полувреме имаше уште неколку шанси на двете страни, а гостите успеаа една да реализираат и да заминат на полувремето со водство од 1:2.

Вториот дел започна со целосна доминација на домаќините кои имаа неколку шанси, а можеби една од подобрите можности не ја искористија во 66-та минута.

До крајот на натпреварот немаше ништо посериозно, па со ова Тиквеш направи големо изненадување и успеа да стигне до 3-те бодови со победата против Хоризнот Турново.