Општа дилема – Историска победа на Барса или историја грешки на судијата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно е сигурно – многу, многу тежок натпревар за судење.

Парижаните испуштија голема предност, имаа и во 88 минута резултат по кој Барселона требаше да постигне три гола.

Сепак, не поминаа, присуствувавме на историски триумф на Барса.

Сепак, ПСЖ има причина да се лути.

Почна после што Пике многу оштро стартуваше и можеше да добие црвен картон, а пред тоа и Маскерано играше со рака во казнетиот простор.

Следеше третиот гол на Барселона кој е постигнат од пенал кој е многу дискутабилен, Мение падна, со глава ненамерно го сопна Нејмар, кој едвај дочека да падне.

Ајтекин досуди пенал, после минута размислување.

За крај, видовме уште еден казнет удар во 90 минута после падот на Луис Суарез.

Многумина сметаат дека Уругваецот симулираше пад, судијата не мислеше така, па на тој начин Барса стигна до 5 гол.

Во секој случај, присуствувавме на историски натпревар, а победата на Барса е тоа што ќе се памети.