„Не, па не можам да верувам дека ова го направивме“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите после историската победа против ПСЖ (6:1).

Барселона вечерва на Ноу Камп успеа да го направи тоа што од нив малку кој очекуваше.

Поразени се во Париз со 4:0, но во драматична завршница вечерва славеа со 6:1 и успееја да надокнадат заостанување какво што никој пред тоа не успеал.

После натпреварот Иван Ракитиќ изјави дека сеуште не може да верува дека Барселона помина понатака, бидејќи и самиот сметаше дека тоа е невозможно.

„Не, не можам да верувам. Беше тоа навистина невозможно. Почетокот на натпреварот беше луд и неверојатен. Благодарам на целата екипа и навивачите. Ова е посебен ден за нас и тешко е било што да се каже. Моравме да веруваме и успеавме. Јас искрено сметав дека тоа е невозможно, но среќен сум што погрешив. Ова е Барселона“, рече Ракитиќ.