„6-от гол е дело на секој навивач на Барселона во светот!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва направија чудо со пласманот во ¼-финале на ЛШ откако го победија ПСЖ со 6:1.

Во првиот натпревар беа поразени со 4:0, а по тој натпревар Енрике беше на удар на јавноста.

Тренерот на Барселона пред овој натпревар изјави дека неговиот тим може да постигне 6 голови и да помине понатаму, а многумина му се смееја во лице поради тоа.

По натпреварот и победата од 6:1, Енрике изјави дека организацијата на тимот била спектакуларна.

„Организацијата беше спектакуларна, малкумина очекуваа дека ќе ризикуваме од првата минута. Многу емоции има во моментов, ова беше херојски успех. Многу работи се случија. Клучот беше во тоа да имаме верба во пласманот понатаму. 6-от гол е дело на секој навивач на Барселона!“