Никој на голот на Барселона не се радуваше како поранешната ѕвезда на Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона вечерва приреди сензација над сензациите, па надокнади заостанување од четири гола од првиот дуел од осмина финалето на ЛШ.

ПСЖ на Ноу Камп дојде со 4:0 предност, но тоа не беше доволно за Французите. Губеа Парижаните со 3:1 во 88 минута, многумина веќе им честитаа на големиот успех, а тогаш – 6:1 за Барса!

Кога Серхио Роберто во 95 минута постигна погодок, почна големо славје, па и во емисијата на БТ Спорт.

Рио Фердинанд, Стивен Џерард, Гери Линекер и Мајкл Овен скокаа од своите позиции од воодушевување.

Навивачите на Реал Мадрид  подоцна, на друштвените мрежи на Твитер, му замеруваа на Овен што како поранешен играч на Кралевите така страствено славеше победа на Каталонците.