Вардар по четврти пат меѓу Топ 8 екипите во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред одигрување на 100 натпревар во групната фаза од лигата на шампионите, Вардар веќе го прослави пласманот во четврт-финалето. Причината за нашата радост беше победата на ПИК Сегед на гостински терен кај Рајн Некар од 30-24. Со тоа вардарци ќе го задржат лидерското место и по одигрувањето на дуелот со Кристијанштад, в недела во Скопје (17,30 часот).

Сега на табелата во Б групата Вардар останува лидер со 18 бодови, втор е ПИК Сегед со 17 бодови исто колку и Рајн Некар е трет е Кјелце со 16 бодови Но, европскиот првак Кјелце треба да одигра во сабота меч со Мешков во Полска. Дури и да победат Полјаците, ќе имаат ист број на бодови со Вардар, но „црвено-црните” имаат подобра меѓусебна гол разлика и на крајот го задржуваат лидерското место.

Вардар по четврти пат по ред ќе игра меѓу осумте најдобри екипи во лигата на шампионите, што досега не му успеало на ниту еден друг клуб во Македонија. Со ова „црвено-црните” се на чекор до пласман на Ф4 турнирот во Келн на почетокот на јуни. Претходните три сезони Вардар исто така играше во четврт-финалето, и дотогаш исто така беше прва, и единствена машка ракометна екипа на која тоа и успеало. Ова е уште еден клупски и македонски клупски рекорд.

За можниот противник во четврт-финалето ќе почекаме да заврши и последното 14. коло вцикендов, а потоа ќе се знае кој победник од осминафиналните дуели ќе дојде на мегдан со нашите момци.
Според распоред, ривалот би ни бил победникот од дуелот на петопласираната екипа од Б групата и четвртопласираниот тим од А групата. Во моментот во А групата за 4. место се борат Флензбург и Веспрем.

Ова е првпат една македонска екипа да обезбеди директен пласман во четврт-финалето на лигата на шампионите. Со промената на системот на натпреварување, победниците од групната фаза ќе ги прескокнат осминафиналните мечеви.
Следните натпревари од Топ-8 фазата се во април, и тоа првиот меч во перидот од 19 до 23 април, а реваншот од 26 до 30 април.