По враќањето во Париз, Мота згази незадоволен навивач!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот за врска на ПСЖ, Тиаго Мота удри навивач со автомобил на аеродромот во Париз.

Мота со остатокот на тимот се врати од Барселона, каде што тие беа поразени.

Група од 30-на навивачи на ПСЖ одлучија да го покажат своето незадоволство, а за еден навивач тоа беше погрешна одлука.

Мота напуштајќи го стадионот со својот автомобил, удрил во еден навивач на кој му го повредил грбот.

Камерите ја снимиле целосната снимка и наводно тој намерно скокнал на автомобилот.

Истрагата на крајот ќе покаже што точно се случи, а целосниот случај бил пријавен во полиција.

Да потсетиме, ПСЖ изгуби од Барселона со 6:1, па испуштија предност од 4:0 од првиот натпревар.