„Ќе кажам крај кога ќе видам дека се подобри од мене.“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фернандо Алонсо вели дека до септември нема да донесе одлука за тоа дали ќе вози и наредната сезона во Ф1.

Алонсо на крајот на сезоната останува без договор со Мекларен, но впечатокот е дека 35-годишниот играч не е подготвен да се повлече.

„Сакам да победувам во трките и да бидам на подиумот. Ако се тргна во погрешна насока, ќе напаѓаме и следната година. Нема да престанам да се тркам без добро чувство и вистински резултат кој мислам дека го заслужувам.“

Шпанецот е причично самоуверен пред новата сезона.

„Ако еден ден бидам во болидот и ги гледам другите како сопираат подоцна од мене, забрзуваат порано од мене или подобро стартуваат од мене, тогаш ќе кажам дека е крај. А сега го гледам спротивното, повеќе отколку оваа година и оваа зима. Се гледа себе на најдобро ниво.“