Шокантно! Маскерано призна дека го фаулираше Ди Марија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона направи историски подвик, но кога и фудбалер на Блауграната призна дека судијата згреши, некои работи стануваат појасни.

Загуби Барселона во Париз со 4:0 и се чинеше дека завршија со Лигата на шампионите во оваа сезона.

Сепак, синоќа го совладаа ПСЖ со дури 6:1, три гола постигнаа во последните седум минути и се пласираа во наредната фаза.

Било како било, успехот е навистина историски, но се чини дека во победата на Барселона не беше се така регуларно.

Спорни ситуации има човек да ги брои, а една од нив и таа од 85 минута кога Ди Марија изби сам пред Тер Штеген, но не успеа од изгледна ситуација да го матира. Аргентинецот падна на тревата и на неа остана да се држи за ногата.

Се чини дека Маскерано можеби го сопна својот сонародник, а за тие кои не мислеа така фудбалерот на Барселона има одговор.

„Јасно е дека го фаулирав Ди Марија, но тоа не е причината поради што поминавме понатака“, изјави Маскерано после мечот на Ноу Камп.

 

Тоа не е само една во многуте спорни ситуации, но судијата пропушти да досуди пенал во корист на Парижаните поради прекршок на Маскерано сега е јасно како ден, и повеќе нема ништо спорно, ПСЖ Е оштетен.

Што се однесува до сомнителните ситуации, треба да се напомене дека се дискутабилни двата пенали за Барса, посебно вториот, во продолжението може да се види дека Маркињос буквално не го допре Суарез, кој во пад стигна да се фати и за гуша. Кејси Афлек може да го врати оскарот после ова.

 

Маскерано покрај прекршокот на Ди Марија, кој го призна, играше и со рака во својот казнет простор во текот на натпреварот, па така судијата на негова сметка можеше да досуди два пенали во корист на Парижаните.

А што да се каже за прекршокот на Нејмар над Маркињос?

 


Neymar’s Off The Ball Kick On Marquinhos! by jason-pitt1

Било како било, Барса сега и фаворит за освојување на Лигата на шампионите, додека ПСЖ својата шанса ќе мора да ја чека до наредната сезона.