Легендарниот судија Чезари – Школски примери за пеналите за Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Првиот пенал е школски пример за пенал, а вториот дури и повеќе“, изјави Чезари.

Барселона го демолира ПСЖ, а со историската победа од 6:1 испиша нова страница во фудбалот и ЛШ, а после натпреварот многумина го обвинуваа судијата Ајтекин за тоа што досуди два пенали за Барселона.

„Првиот пенал е школски пример за пенал, а вториот дури и повеќе. Ако го погледнете повнимателно кај првиот старт Мение беше блиску до Нејмар, постеше контакт, а бразилецот во тој момент беше во позиција да игра. Не сум сигурен ниту дека виде како Нејмар стана после овој старт. Во втората ситуација можам да кажам дека Маркињос испадна наивен и го удри Суарез во листот на ногата. Тоа е фаул“, изјави Чезари.

Првиот пенал за Барселона го постигна Лионел Меси, а вториот Нејмар.