Се плашам дека Меси ќе замине


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, пред неколку денови беше прогласен за виновен за затајување на данок.
Аргентинецот својата казна ја дозна пред неколку дена, а оваа вест го потресе неговото семејство. Поради ова многумина веруваат дека Меси ова лето би можел да замине од Барселона, а се шпекулира дека сериозен интерес за неговите услуги покажал англиски Челси,

После оваа пресуда се огласи и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кој смета дека Меси би можел да замине.

“Секако дека се плашам дека Меси ќе замине после се што му се случуваше во претходните денови. Верувам дека тој не е виновен и би бил пресреќен доколку и понатаму го гледам во дресот на Барселона. Тој не е криминалец, само жртва на даночните закони кои наскоро ќе бидат променети”- изјави Тебас.