„Во Наполи се чувствував бедно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„После натпреварите бев многу тажен, бидејќи не се чувствував дека сум дел од тимот. Не уживав во победите“, рече напаѓачот на Саутемптон.

Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини призна дека кариерата во дресот на Наполи му биле бедна и дека е изненаден како брзо се прилагоди во дресот на новиот клуб Саутемптон.

Репрезентативецот на Аѕурите постигна шест голови на последните четири меча во дресот на Светците.

„Искрен да бидам, не очекував дека вака ќе стартувам во новиот клуб. Дојдов во целосно подруг систем на фудбал во кој се е различно во однос на тоа каде што бев, од градот до соиграчите.

Не мислев дека ова ќе се случи, но морам да се заблагодарам на соиграчи и на тренерот, кои се инзвонредни кон мене и ми помогнаа. Најважно е секогаш да пружам се што можам да ги усреќам навивачите“, рече Габијани во интервју за Скај Италија.

Потоа ја отвори душата, како што вели, бедни денови во Неапол.

„Не можев повеќе да издржам, се чувствував бедно. После натпреварите бев многу тажен, бидејќи не се чувствував дел од тимот. Не уживав во победите. Кога заминав, си реков дека е време за промена. Морав да си докажам на себе дека можам да играм фудбал“, заклучи Габијадини.