„Овој терен е како кај некој тим од послаба лига!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо застана пред новинарите по натпреварот против Ростов во кој Јунајтед одигра 1:1.

Натпреварот во Русија беше одигран на многу лош терен, а тоа го кажа Мурињо во својата изјава.

„Со оглед на условите, добра игра. Беше невозможно да се игра подобро, па моравме да играме како што бараше натпреварот. Овој терен е како кај некој послаб тим во Португалија.“

„Имаме отворен резултат за реванш, во мала предност сме. Голот кој го примивме дојде по наша грешка, но имаме уште еден натпревар.“

Реваншот се игра на 16-ти март во Манчестер.