„Кога ќе тргне лошо, веднаш се губиме!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома беше поразена во Лион со 4:2, иако на полувремето имаа предност од 2:1, па тоа го налути Спалети.

„Лион е квалитетен тим, но ние сме виновни што ова ни се случува. За жал, нашата карактеристика е да играме од очај до сјај. Кога работите одат добро, тогаш лебдиме. Ако тргне лошо, веднаш се губиме.“

„Сеуште имаме шанса да го исфрлиме Лион, но навистина очекувам тешка задача во реваншот. Вечерва разочаравме во вториот дел, иако имавме добар резултат по првото полувреме. Мораме да седнеме и да разговараме и да најдеме решпение.“