„Пред Мерцедес се тешки времиња!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ники Лауда смета дека неговиот тим ќе има големи проблеми со Ферари и Ред Бул.

Времињата се менуваат. Тој не е задоволен од подобрувањата на болидот. Мерцедес не се прослави со тестовите во Барселона, односно новите технички елементи не донесоа подобрувања на перформансите.

„Лично не сум задоволен. Го тестиравме болидот, но немаше подобри резултати. Се надевам дека до Мелбурн може да го решиме овој проблем.“

„Не мислам, сигурен сум дека пред Мерцедес е тешка сезона. По првата трка ќе знаеме подобро, а до тогаш може да се обидеме да поправиме некои работи. Мислам дека Ферари, Ред Бул и Мерцедес се блиску. Разликата е во десетинки.“