„Работата е во психата, како можат Реал и Барселона?“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Сити, Туре вели дека посветеноста на играта каква што ја покажуваат гигантите од Примера е стандард кој треба да го има и неговиот тим.

Распоредот на Сити е премногу густ, па предизвикува замор кај некои фудбалери. Сити во средата без голови одигра против Стоук, а во сабота треба да играат во ФА куп против Миделсброу.

„Не е проблемот во заморот, туку во психолошкиот аспект. Тимовите како Реал и Барселона играат многу натпревари затоа што се борат за трофеи и секогаш се подготвени за тоа. Покрај другото, тоа е и наша работа.“

Наредната среда Сити игра против Монако.

„Ни претстојат натпревари за кои мора да бидеме подготвени. Ќе биде тешко против Миделсброу. Тие имаат една недела одмор, а ние ќе дадеме се од себе и секако дека ќе се бориме да стигнеме до трофејот.“