„Ќе биде тежок натпревар против Милан!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јувентус го дочекува Милан во Торино со намера да ја зацврсти првата позиција во Серија А. Иако е сигурен дека Милан ќе биде голем предизвик, сепак Алегри тврди дека ривалот некогаш делува изгубено на теренот.

„Нема да биде лесно. Милан имаше неколку добри резултати во последните две недели и тие се тим кој никогаш не се откажува. Понекогаш изгледаат лошо на теренот, но способни се брзо да преминат во контранапад, имаат одлична техника и брзи се. Иако на табелата не делат голем број бодови, верувам дека натпреварот ќе биде тежок.“

Јувентус е прв на табелата, со 8 бодови повеќе од Рома додека Милан е на 7-ма позиција со 17 бодови помалку од Јувентус.