Спектакл – Закажан е натпревар помеѓу Германија и Бразил!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ќе биде одигран наредната пролет во Берлин.

Актуелниот шампион ќе го пречека Бразил на 27 март 2018-та година на Олимпискиот стадион во Берлин.

Од повторното соединување на Германија, тие 10 пати играа со Бразил.

Бразил победи 5 пати, а секако дека најголема тежина има победата во финалето на СП, одржано во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Два пати беше нерешено, а Германија 3 пати беше подобра од нив.

Последниот натпревар помеѓу овие 2 тимови заврши со победа на Германија на Мундијалот, а тие победија со 7:1.