„Во судиското продолжение ми се врати целиот свој труд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот стрелец на Лион и еден од најдобрите напаѓачи во Европа Александре Лаказет беше презадоволен после победата над Рома со резултат 4:2.

Лион водеше со 3:2 се до судиското продолжение кога Лаказет постигна фантастичен гол кој може да биде и многу повеќе важен, со оглед дека на францускииот клуб ќе биде многу полесно да игра во реваншот со два гола предност.

„Мислам дека докажавме дека сме силна екипа и дека можеме да се носиме со најдобрите екипи во Италија. Можеби делувавме лошо во првото полувреме, но тоа е наша грешка. Треба да гледаме позитивно на тоа дека дадовме четири гола“, рече Лаказет, кој потоа го искоментира својот гол:

„Во судиското продолжение ми се врати за целиот свој вложен труд. На екипата и требав во одбранбената фаза па бев уморен, но се се врати со гол и важна победа“.

Реванш мечот Рома и Лион се игра на Олимпико за седум дена.