Вардар Јуниор го доби скопското мало дерби против Металург 2


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар Јуниор го победија Металург 2 на домашен паркет во натпревар од 16-то коло во македонската прва ракометна лига, 33:25.

Вардарци на полувреме имаа три погодоци предност, 18:15. Во второто полувреме вториот тим на Вардар повторно беше подобар од противникот и на крајот победи со 33:25.

Мартин Поповски го предводеше Вардар Јуниор со 11 погодоци. Кај Металург 2 најефикасен натпреварот го заврши Мице Шилегов со 7 погодоци.