Пелистер го победи Борец и се врати на лидерската позиција, Пролет сo 40-ка го наполни фенерџијата Работнички


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште два натпревари се одиграа од првата македонска ракометна лига од 16-то коло.

Ракометарите на Пелистер го победија Борец со 29:25.

Пелистерци доминираа во првото полувреме, 18:12. Во второто полувреме гостите ја намалија негативата која на крајот изнесуваше четири погодоци, 29:25.

Богдан Николиќ и Ристо Вујачиќ го предводеа Пелистер со по 6 погодоци. Кај Борец најефикасен натпреварот го заврши Дарко Димитриевски со 9 погодоци.

 

Пролет го декласира фенерџијата Работнички, 40:23.

Домашните доминираа од почетокот до крајот на натпреварот. После триесет минути игра резултатот кој стоеше на семафорот беше 21:10. Пролет во второто полувреме го одржуваше големото водство, па на крајот победи со 40:23.