Познати се составите за големото дерби помеѓу Јувентус и Милан!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус и Милан вечерва ќе го играат големото италијанско дерби.

Екипата на Јувентус се наоѓа на 1-то место со 67 бодови додека Милан е 6 места подолу со 17 бодови помалку.

Вечерва за тимот на Милан најверојатно ќе навива и Рома која се надева на кикс на Јувентус.

Тренерите ги избраа тимовите за вечерашниот натпревар.

Во стартните 11 на Јувентус своето место го имаат:

-Буфон, Барзаљи, Бенатија, Бонучи, Асамоа, Кедира, Пјаниќ, Дани Алвеш, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.

Додека кај Милан ќе играат следниве фудбалери:

-Донарума, Де Шиљо, Запата, Палета, Ромањоли, Соса, Бертолачи, Пашалиќ, Окампос, Бака, Делуфеу.

Натпреварот започнува од 20:45.