Милвоки фати ритам – Минесота го изненади Голден Стејт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари во НБА лигата.

Милвоки на свој терен ја победија Индијана со 99:85, а најдобар беше Антетокунпо со 21 постигнат поен. Милвоки така стигна до 5-та победа по ред и стигна до 8 место на Истокот.

Екипата на Минесота го изненади Голден Стејт кој го победи со 103:102. Вигинс беше најдобар со 24 поени, а Таунс постигна 23 поени. Кај Голден Стејт најдобри беа Томпсон со 30 и Кари со 26 поени.

Денвер стигна до победа против Бостон од 119:99, а Јокиќ постигна 21 поени, 10 скокови и 7 асистенции.

Останати резултати:

Шарлот – Орландо 121:81
Атланта – Торонто 105:99
Чикаго – Хјустон 94:115
Далас – Бруклин 105:96
Сакраменто – Вашингтон 122:130