Мојсоски двоцифрен, Еурофарм Работник убедлив против Радовиш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен паркет го победија Радовиш во натпревар од 16-то коло во македонската прва ракометна лига.

После првите триесет минути игра битолскиот клуб имаше водство од пет погодоци, 15:10. Во второто полувреме доминација на ракометарите на Еурофарм Работник и на крајот победа со двоцифрена предност, 36:25.

Златко Мојсоски го предводеше Еурофарм Работник со 10 погодоци. Кај Радовиш најмногу се истакна Борче Соколов со 7 погодоци.

11-та победа за Работник, а осми пораз за Радовиш оваа сезона.