Барселона директно во 1/4 финале – Лазаров не погреши против Висла


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона ја победија на домашен паркет Висла Плок во натпревар од 14-то коло во Лигата на Шампионите, 36:28.

Каталонците со два погодоци во низа стигнаа до водство, 7:5. Потоа се играше во серии, па варираше водството на Барселона. Трите погодоци во низа му донесоа водство на Барселона од четири погодоци, 16:12. Гостите постигнаа два погодоци во низа за 16:14. На полувреме Барселона имаше водство од два погодоци, 17:15.

Барселона го отвори второто полувреме со серија од 5:1, 22:16. Ракометарите на Барселона постигнаа пет погодоци во низа за првото двоцифрено водство на натпреварот, 27:17. Висла со три погодоци во низа намали на седум негатива, 20:13. Пет минути пред крајот на натпреварот гостите имаа шест погодоци негатива, 31:25. Барселона на крајот победи со 36:28.

Виктор Томас ја предводеше Барселона со 7 погодоци. Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров натпреварот го заврши со 6 погодоци од 6 обиди. Кај Висла најмногу се истакна Ивиќ со 7 погодоци.

 

12-та победа за Барселона во групната фаза која се пласира директно во четвртфиналето.