Кој друг ако не Гризман – Французинот донесе победа на Атлетико против Гранада (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Лос Карменес ја победија минимално Гранада во натпревар од 27-мо коло во Ла Лига, 0:1.

Караско на почетокот на натпреварот шутираше непрецизно. Гранада имаше шанса за погодок преку Переира, но Облак во шеснаесетникот добро реагираше. Гризман пред крајот на првото полувреме со глава пропушти шанса за водство на јорганџиите.

Во второто полувреме Гризман пропушти голема шанса за погодок. Десетина минути пред крајот на натпреварот Очоа фантастично го одбрани ударот на Караско. Гризман во 84-та минута погоди со глава за победа за Атлетико Мадрид, 0:1. Гранада натпреварот го заврши 10 фудбалери бидејќи втор жолт картон доби Вакасо.


Antoine Griezmann Goal HD – Granada CF 0-1… by Live1Goals

 

Атлетико Мадрид после оваа победа ќе остане на четвртата позиција пет бода помалку од четвртопласираната Севиља. Гранада е под цртата со пет бода помалку од Депортиво кој утре на Риазор ќе ја пречека Барселона.