Голем јубилеј на Левандовски во дресот на Баерн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски стигна до 100-от гол во дресот на Баерн.

Тој во натпреварот против Франкфурт беше двоен стрелец, во 38-та и 55-та минута, а со тоа стигна до бројката од 100 голови во дресот на тимот од Минхен.

Во Баерн тој игра веќе 3-та сезона и е еден од најдобрите поединци во тимот на Карло Анчелоти, а досега со тимот има освоено 2 шампионски титули, куп на Германија и суперкуп на Германија.

Баерн го искористи киксот на Лајпциг и сега има 10 бодови предност пред нив.