Нови тешки обвиненија од ПСЖ на сметка на судијата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ во средата доживеа шок откако беше поразен од Барселона со 6:1 и така играчите на тимот од Париз се простија од ЛШ.

ПСЖ во првиот натпревар победи со 4:0 и многумина веруваа дека нивната работа е завршена, но Барселона успеа да направи чудо и да се пласира понатаму.

На удар на навивачите на ПСЖ по натпреварот се најде судијата Дениз Ајтекин кој според мислењето на играчите и навивачите на ПСЖ им го подари вториот пенал на Барселона.

Исто така, играчите на ПСЖ беа бесни на судијата затоа што на нив не им досуди пенал по стартот на Маскерано врз Ди Марија.

Тие по натпреварот му кажаа на судијата.

„Е*и се!“

Оваа вест ја пренесоа француските медиуми, а одговори од УЕФА и судијата сеуште се чека.

Медиумите во Шпанија пренесоа дека тоа не е вистина и дека тоа е уште еден обид на ПСЖ да го обвинат судијата за поразот.