„Не можам да ви опишам како се чувствувам!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Сампдорија победија во дербито против Џенова во 28-то коло во Серија А.

Сампдорија во овој натпревар успеа да ја победи Џенова со 1:0, а голот го постигна Муриел во вториот дел.

Овој напаѓач по натпреварот не го криеше возбудувањето, па призна дека тоа бил еден од најдобрите моменти за него во кариерата.

Тој додаде дека не може да најде зборови како се чувствува.

„Ова е неверојатно. Не можам да ги најдам вистинските зборови да ви опишам како се чувствува. Знаевме дека ако победиме вечерва, ќе испишеме некои нови страници на историја за клубот. Да се постигне гол во дерби е феноменално.“

Сампдорија прв пат по 1960 година успеа да победи во 2-та натпревари против Џенова во една сезона.