„Правила се кршат поради Шарапова!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каролина Возњацки смета дека не е правилно да добие Шарапова „вајлд-карта“ за турнирот за Штутгарт затоа што е суспендирана.

Шарапова беше суспендирана 15 месеци по користење на недозволени супстанции, а на теренот се враќа во април. Русинката доби повик од неколку турнири, а некои тенисери сметаат дека тоа не е правилно.

Интересно е тоа што турнирот во Германија започнува 2 денови пред завршувањето на суспензијата, па така Шарапова на теренот ќе се врати на 26-ти април.

На групата на незадоволни им се приклучи и Каролина Возњацки.

„Мислам дека турнирот се однесува без почит кон останатите играчи. Но што е, тука е. Очигледно дека правилата одат во корист на тие што им одговара. Мислам дека секој заслужува втора шанса и сигурна сум дека Марија ќе се избори за својата. Знам дека ќе игра добро.“

„Но од друга страна, кога некој е казнет поради допинг, би требало да почне од дното да се пробива кон врвот.“

„Кога турнирот ќе започне, а играчот е суспендиран, тој не треба ни да игра таа недела.“