Каде што има чад, таму има и оган – Нов „Калчополи“ на повидок?!(ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По 11 години од скандалот во италијанскиот фудбал и исфрлање на Јувентус во Серија Б поради наместени натпревар, не сопираат скандалите во Италија.

Се појавија снимки од некои необични пенали кои се досудени во корист на Јувентус во минатите години, како и некои нелогични црвени картони, непризнаени голови..

Јувентус во Серија А доминира веќе неколку години, но иако го има најдобриот тим сепак предизвикуваат бес кај многу останати клубови во Серија А.

Веќе 5 години Јувентус го освојува Скудетото, а скоро сигурно е дека и оваа сезона ќе го освои 6-от трофеј во Серија А по ред.

Случајот кој последен крена прашина беше голот, односно пеналот на Јувентус во судиското продолжение против Милан.

Во Јувентус тврдат дека не постојат никакви контакти со судиите и дека нападите на другите тимови се смешни, но нивните противници тврдат дека Јуве има голема поддршка од судиите.

Еден медиум од Италија дојде до изјава на Буфон, кој на полувремето им рекол на соиграчите:

„Ова е Европа и Лига на Шампиони. Тука никој нема да ни се тргне од патот. Мора да покажеме квалитет и да играме машки ако сакаме да победиме.“

Јувентус го демантираше тоа, но медиумите тврдат дека клубот знае дека тоа е вистината.