Елмас со фантастичен погодок го сруши Пелистер, Вардар за две минути ја среди Брегалница, Шкендија убедлива против Победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се одиграа сите пет натпревари од 22-ро коло во првата македонска фудбалска лига.

Во дербито одиграно во Охрид, Работнички го победи минимално Пелистер, 0:1.

Победничкиот погодок за романтичарите го постигна Елиф Елмас во 60-та минута. Фудбалерот на Работнички постигна фантастичен погодок. Битолчани на крајот остана со 10 фудбалери бидејќи црвен картони доби Фернандо.

 

Шкендија лесно во Тетово ја победи Победа, 4:0.

После три минути игра тетовчани имаа водство. Дино Меѓедовиќ постигна погодок. На почетокот на второто полувреме Стефан Вујчиќ го зголеми водството на Шкендија. Бесарт Ибраими погоди за 3:0, а Жуниор ги постави конечните 4:0.

 

Шкупи со пресврт во Чаир стигна до победа против Ренова, 3:2.

Садики му донесе водство на Ренова. Во 38-ма минута Асани го израмни резултатот, а три минути пред крајот на првото полувреме Јусуфи го врати водството на клубот од Тетово.

На почетокот на второто полувреме Исени погоди за 2:2. Победата на Шкупи му ја донесе Асани со вториот погодок на натпреварот.

 

Силекс убедливо ја победи Македонија Ѓорче Петров, 4:2.

Танушев во првото полувреме погоди за водство на Силекс. Само што почна второто полувреме, Недељковиќ зголеми на 2:0. Каланоски и Филиповски зголемија на 4:0. Аломеровиќ со два погодоци до крајот на натпреварот го ублажи поразот на лавовите, 4:2.

 

Вардар ја победи Брегалница на Телеком Арена, 2:0.

Дејан Блажевски во 88-ма минута од натпреварот донесе водство на црвено-црните. Две минути подоцна Петар Петковски ги постави конечните 2:0. Гостите натпреварот го завршија со 10 фудбалери бидејќи десетина минути пред крајот на натпреварот Ѓорески доби црвен картон.

 

Табела:

1.Вардар 50 бода
2.Шкендија 44 бода
3.Работнички 36 бода
4.Пелистер 36 бода
5.Силекс 31 бод
6.Ренова 28 бода
7.Шкупи 21 бод
8.Победа 19 бода
9.Македонија Ѓорче Петров 16 бода
10.Брегалница 12 бода