Тиквеш реди победи, минимална победа на Еуромилк против Турново


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата преостанати натпревари се одиграа од 16-то коло од втората македонска фудбалска лига.

Еуромилк на домашен терен минимално го совлада Хоризонт Турново, 1:0.

Победничкиот погодок за Еуромилк го постигна Андреј Кудијан во второто полувреме.

 

Последнопласираниот Тиквеш ја оствари и својата втора победа во низа, денес беа подобри од Велазерими со 2:0.

Мартин Никовиќ ги постигна двата погодоци во победата на својот тим.

 

Табела:

1.Академија Пандев 43 бода
2.Скопје 30 бода
3.Еуромилк 29 бода
4.Новаци 25 бода
5.Металург 23 бода
6.Турново 19 бода
7.Велазерими 15 бода
8.Вардар Неготино 14 бода
9.Тиквеш 13 бода
10.Тетекс 13 бода