ЧСМ Букурешт победи, Митиланд е противникот во 1/4 финалето на ЖРК Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарките на ЧСМ Букурешт победија на гостувањето кај Есбјерг во натпревар од последното коло од главната фаза во Лигата на Шампионите, 20:25.

Есбјерг одлично го започна натпреварот, 3:0. Романките се разиграа и направија огромна серија од седум погодоци за 3:7. Водството на гостите потоа се зголеми и на шест погодоци, 4:10. На полувреме ЧСМ Букурешт замина со предност од пет погодоци, 7:12.

Со четири погодоци во серија ЧСМ Букурешт стигна до водство од осум погодоци, 8:16. Домашните ракометарки возвратија со иста мерка и намалија на четири негатива, 12:16. Ракометарките на Есбјерг постигнаа четири погодоци во серија за 18:21. Пет минути пред крајот на натпреварот ЧСМ имаше водство од четири погодоци, 18:22. Гостите од Романија на крајот победија со 20:25.

Беренгер и Бредеану со по 5 погодоци го предводеа ЧСМ до победа. Кај Есбјерг најмногу се истакна Карлсон со 5 погодоци.

Во 1/4 финалето се пласираа Ѓер, Ларвик, ЧСМ Букурешт и Митиланд. Крим Меркатор и Есбјерг ја завршија оваа сезона во Лигата на Шампионите.

Противникот на ЖРК Вардар во 1/4 финалето ќе биде данскиот Митиланд кој во главната фаза заврши на четвртата позиција.