Терор на Интер – Хет-трик на Икарди за девет минути, хет-трик на Банега, на Аталанта и се падна лотото (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 28-мо коло од Серија А се одиграа уште пет натпревари.

Интер на Џузепе Меаца ја декласира Аталанта со 7:1.

Гостите преку Гомез имаа шанса за погодок, но шутираше непрецизно. Во 17-та минута Икарди му донесе водство на Интер.


Mauro Icardi Goal HD – Inter 1-0 Atalanta – 12… by Bayeo

Бериша направи прекршок во казнениот простор, а Интер доби пенал. Икарди беше прецизен од белата точка за 2:0. Три минути подоцна Икарди со глава постигна хет-трик.


Mauro Icardi penalty Goal HD – Inter Milan 2… by worldfoot


Mauro Icardi Goal HD – Inter 3-0 Atalanta 12… by Football–Live

Во период од три минути Евер Банега постигна два погодоци за 5:0. Аталанта преку Фреулер го постигна единствениот погодок на натпреварот, 5:1.


Ever Banega Goal HD – Inter Milan 4-0 Atalanta… by footballderby


Ever Banega Goal HD – Inter Milan 5 – 0… by worldfoot


Freuller Goal Inter 5-1 Atalanta 12.03.2017 HD by FootballLiveGoals

На почетокот на второто полувреме Гаљардини се запиша во листата на стрелците. Банега постигна фантастичен погодок од слободен удар за хет-трик на денешниот натпревар.


Roberto Gagliardini Goal HD – Inter 6-1… by FranceCup3


Ever Banega Goal HD – Inter 7-1 Atalanta – 12… by Video-Live

Едер имаше шанса за погодок пред крајот на натпреварот, но неговиот удар го одбрани Бериша, па резултатот не се промени, 7:1. После оваа победа се искачија на четвртата позиција со 1 бод повеќе од Лацио кој го нема одиграно натпреварот од 28-то коло.

 

Во останатите натпревари Киево убедливо го победи Емполи, 4:0, Наполи со 3:0 беше подобар од Кротоне, Удинезе на гости ја совлада Пескара, 1:3, а Фиорентина и Каљари ги поделија бодовите, 0:0.

Неаполитанците после денешната победа ќе се искачат една позиција погоре т.е на втората со 10 бода помалку од Јувентус, а еден повеќе од Рома која вечерва игра против Палермо.