Илија Несторовски е првиот МАКЕДОНЕЦ капитен во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот напаѓач на Палермо, Илија Несторовски на вечерашниот натпревар против Рома ќе ја носи капитенската лента.

Денес на македонскиот голгетер му е роденден, а на денешниот натпревар ќе стане првиот македонец капитен во Серија А.

Македонците кои играле во Серија А се: Николиќ, Панчев, Славковски, Ибраими, Пандев, Ристовски, Стојановиќ и Трајковски, но ниту еден од овие фудбалери не ја имал честа да ја носи капитенската лента на еден натпревар.