Капитенот повторно јунак – Рамос го однесе Реал на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Реал Бетис на Сантијаго Бернабе во натпревар од 27-мо коло во Ла Лига, 2:1.

Реал напаѓаше од почетокот на натпреварот. Пробуваа да ја разбијат одбраната на Бетис, но гостите одолеваа на нападите на кралскиот клуб.

Потоа се случи еден спорен момент кога Бранашац излезе еден на еден со Навас, се судрија двата фудбалери, но судијата не досуди ништо. Во 25-та минута Санабриа шутираше, Навас ја имаше топката во рацете, но му избега и влезе во мрежата.

Четири минути пред крајот на првото полувреме Роналдо постигна погодок со глава за израмнување на резултатот, 1:1.

Во 78-ма минута Бетис остана со 10 фудбалери на теренот бидејќи Пичини доби црвен картон. Само три минути подоцна Крос нафрли од корнер, а Рамос погоди за водство на кралскиот клуб.

Санабриа со глава шутираше одлично, но Навас фантастично го одбрани неговиот удар и Реал Мадрид на крајот победи со 2:1 и ќе се искачи на лидерската позиција со два бода повеќе во однос на второпласираната Барселона од која има и натпревар помалку.