Уште еден клуб се вклучи во трката за Харт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сеуште не е позната судбината на англискиот голман Џо Харт.

Харт моментално е на позајмица од Манчестер Сити во Торино и во оваа сезона е стандарден на голот на екипата од италијанската Серија А.

Странските медиуми речиси секојдневно шпекулираат за неговата иднина, а досега многу клубови се споменуваа дека може да го доведат.

Во прв ред тоа беа Ливерпул, Вест Хем Јунајтед и Арсенал, а сега во трката се вклучи и Саутемптон, судејќи според наводите на англиски „Сан“.

Наводно, постои и опција за Харт да се врати во Манчестер Јунајтед, но Гвардиола порача дека таа одлука ќе ја донесе на крајот на крајот на сезоната.