„Се надевам дека Јувентус ќе влезе во криза“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рома го победи Палермо со 3:0 во 28-то коло во Серија А.

Спалети изјави дека ова бил многу тежок натпревар, но дека победата била заслужена.

Сега се надева дека Јувентус ќе влезе во криза.

„Се надеваме дека ќе влезат во криза. Среќни сме поради тоа што го направивме оваа сезона, но сакаме трофеи.“

Повторно ги интересираше новинарите прашањето за неговиот договор, а Спалети даде интересен коментар.

„Да изгубев уште два натпревар не би го дочекал крајот на овој натпревар. Најверојатно би добил отказ. Работите во фудбалот брзо се менуваат и мислам дека и направив услуга на Рома што не потпишав продолжување на соработката. Ова е силен клуб и сака резултати.“

Рома е моментално на 2-ро место со 62 бодови, 8 помалку од Јувентус.