Индијан Велс – Едмунд го измачи Ѓоковиќ, Чилиќ доживеа шок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3-то коло во Индијан Велс.

Тој со многу маки го победи Кајл Едмунд со 2:0, односно 6:4 и 7:6. На Ѓоковиќ му требаа 2 часови да го реши натпреварот.

Првиот беше решен со 1 брејк, но во вториот беше видена голема борба. Едмунд неколку пати имаше предност од брејк, но Ѓоковиќ се врати во натпреварот и победи на крајот.

Во 3-то коло нема да го гледаме Марин Чилиќ кој беше шокиран од Тејлор Фриц. Американецот беше подобар од Чилиќ со 4:6, 7:5 и 6:4.

Федерер без поголеми проблеми го победи Роберт со 2:0, односно 6:2 и 6:1.

Останати резултати:

Вердаско – Херберт 2:0
Џонсон – Андерсон 2:1
Сок – Лааксонен 2:1