„Мастерс во Јужна Америка? Не би било лесно..“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хуан Мартин Дел Потро со победа против Делбонис избори пласман во 3-то коло во Индијан Велс, каде што ќе треба да игра против Ѓоковиќ.

Ќе биде тоа уште еден интересен натпревар за уживање, а на конференцијата тој одговори на интересно прашање за одржување на Мастерс турнир на територија на Јужна Америка.

„За мене, тоа би било одлично затоа што би бил блиску до родниот град. Но не е лесно да се игра во такви услови.“

„Меѓутоа, неодамна играв во Акапулко, каде што атмосферата е одлична. Таму има се што им е потребно на тенисерите.“

„Оваа година имаше многу добри играчи во главниот ждреб на турнирот. Можеби еден ден ќе се игра некој голем турнир во Јужна Америка, но не знам коои луѓе би можеле да постигнат таков договор.“

Аргентинецот додаде и дека по овој турнир ќе прави голема пауза и дека најверојатно нема да игра во Монте Карло.