МЗТ сезоната во АБА ја заврши со пораз од Морнар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија од Морнар во натпревар од 26-то коло во АБА, 63:69.

Се менуваше водството во поголемиот дел од првата четвртина. После десет минути игра Морнар имаше два поени предност, 16:18. Во втората четвртина гостите имаа подобра завршница и на полувреме заминаа со 4 поени предност, 31:35.

На почетокот на третата четвртина кошаркарите на Морнар стигнаа до двоцифрена предност, 34:44. Тоа водство се зголеми и на 15 поени, 36:51. Во последните десет минути од натпреварот Морнар влезе со 15 поени предност, 41:56. Пред крајот на натпреварот МЗТ успеа да намали на два негатива, 63:65, но гостите до крајот беа подобри и победија со 63:69.

Џонс со 20 поени го предводеше Морнар. Дреновац најмногу се истакна кај МЗТ со 21 поен. Темс, Клоф и Лалиќ постигнаа по 9, Младеновски и Скот по 3 поени.

МЗТ Скопје сезоната во АБА ја заврши со 8 победи и 18 порази и на претпоследната 13-та позиција. Од АБА испадна Крка.