„Убаво е да се видат играчите на Милан во солзи по натпреварот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија Милан со 2:1 во дербито на 28-то коло во Серија А.

Јувентус стигна до нова победа во домашното првенство во 7-та минута од судиското продолжение кога од пенал погоди Дибала.

По натпреварот продолжи незадоволството на играчите на Милан од одлуките на судијата.

Стрелецот на голот одлучи да прозбори за целата ситуација и да одговори на провокациите.

„Игравме многу добро и заслужено победивме. Среќен сум што постигнав гол од пенал и оваа победа против Милан е дополнителна мотивација за сите нас. Уште подобро е кога противничките играчи ќе завршат во солзи. Најдобар момент беше кога погодив од пенал.“