Индијан Велс – Пенг ја исфрли Радванска, Возњацки ќе игра против Киз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шуаи Пенг направи големо изненадување и во 3-то коло во Индијан Велс ја победи Радванска со 6:4 и 6:4.

Пенг во два сетови направи по три брејкови, еден повеќе од 6-та тенисерка на светот и за еден час и 30 минути стигна до еден од највредните триумфи во кариера.

31-годишната тенисерка во борба за ¼-финале ќе се бори со Вилијамс, која беше подобра од Лусија.

Место во 1/8-финале обезбеди Киз со победа против Осака со 6:1 и 6:4.

Нејзина следна противничка ќе биде Возњацки која за 1 час и 20 минути ја победи Синаикова со 6:3 и 6:1