„Јунајтед има најсилен тим во Англија“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Конте повторно победи против Јунајтед.

Италијанецот беше задоволен со играта на својот тим во победата против Јунајтед.

„Челси покажа високо ниво на квалитет во дуел со многу силен противник, кој има одлични фудбалери. Јунајтед има најдобар состав во ПЛ и ние сме среќни што поминавме во следниот круг.“

Челси поголемиот дел од натпреварот го одигра со играч повеќе, а новинарите ги интересираше дали Ерера бил оправдано исклучен.

„Азар не можеше да игра. Им предложувам на сите да ја погледнат снимката и да донесат заклучок.“

Лидерот во ПЛ во ½-финале ќе игра против Тотенхем.

„Тотенхем е силен противник, но поинаку не може да биде во оваа фаза на натпреварување. Подготвени сме да играме со врвни противници, а Јунајтед беше таков. Моментално сме задоволни со овој резултат и начинот на кој игравме.“