„Можеме да го исфрлиме Јувентус!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Порто, Андре Силва верува во чудо пред натпреварот со Јувентус.

Порто стигнува во Торино со негатива од 2:0 од првиот натпревар и навистина има минимални шанси да се пласира понатаму, но Силва вели дека ништо не е невозможно.

„Верувајте ми, сеуште имамше шанси да се пласираме понатаму. Можеме да го исфрлиме Јувентус, но знаеме дека ќе биде многу тешко. Сепак, чудата се возможни и во нив треба да се верува.“

Натпреварот помеѓу Јувентус и Порто се игра со почеток од 20:45.