„Лацио може да заврши на второ место!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги верува дека неговиот клуб може да избори пласман во ЛШ.

Лацио се наоѓа на 4-то место во Серија А, а Инзаги по победата против Торино изјави дека би можеле да завршат на 2-то место.

„Можеме да бидеме втори на крајот на сезоната. Никогаш не ги криев своите амбиции и сметам дека тоа е возможно.“

„Да е ова друга сезона, сега најверојатно би биле зад Јувентус. Меѓутоа, Рома и Наполи играат одлично и ретко грешат, но тоа не значи дека до крајот не можеме да ги преминеме.“

Лацио по 28 одиграни кола се на 4-то место со 56 бодови. Наполи има 60, а Рома 62 додека во борба за место во ЛШ се уште Интер со 54 и Аталанта со 52.