„Добро ги сокривме промените!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ферари имаше одлични резултати на тестовите во Барселона, а Фетел изјави дека промените во тимот започнале уште минатата сезона.

„Оваа година подобро се подготвивме, затоа што имавме веќе неколку излегувања на патеките. Тимот е во подобра форма, но и научивме многу од минатата сезона. Ако ги погледнеме резултатите тогаш, може да се каже дека немавме успех. Тоа најверојатно ќе се смени оваа година.“

За разлика од неговата прва сезона во Ферари, кога успеваше да стигне до победите, минатата сезона тој остана во сенка на Мерцедес.

„Научивме голем број лекции и направивме многу промени. Јас лично во 2015-та имав добра година затоа што победував, но во 2016-та година бевме многу лоши.“