„Можеме да го елиминираме Сити“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако и Манчестер Сити во среда играат реванш во 1/8 финалето на ЛШ.

Сити има предност од 5:3 после првиот натпревар, а Фабињо, дефанзивецот на Монако смета дека неговата екипа може да го елиминира Манчестер Сити.

„Не очекував ниту дека ПСЖ ќе биде елиминиран, но и тоа се случи. Тоа е само уште еден доказ дека во фудбалот се е можно. Нашата негатива против Сити е помала, мора да постигнеме само 2 погодоци но тоа не значи дека ќе ни биде лесно. Можеби ние ги немаме Меси, Нејмар и Суарез како Барселона но ние веруваме во нашите играчи. Мислам дека е можно да направиме пресврт против Сити“ – изјави Фабињо.